
Фото: Принтскрин
Пејачот Дарко Лазиќ пред два дена се појавил во полициската станица на Савски венец во Белград, каде што бил повикан во врска со постапката за сообраќајната несреќа што неодамна ја предизвика.
Иако во изјави за медиумите тврдеше дека не бил под дејство на алкохол и дека несреќата се случила поради дождот и лизгавиот коловоз, според пишувањата на српските медиуми, Лазиќ во полиција дал поинаква изјава.
– Дарко пристигна во четвртокот попладне, околу 18 часот, и во станицата се задржа подолго време. Настапуваше опуштено и разговараше нормално со полицајците. По краток разговор, службените лица му укажаа на одговорноста која ја има зад воланот и на неговото однесување во сообраќајот. Тој прифати критика, призна вина и истакна дека ќе биде повнимателен во животот, особено кога станува збор за возењето – изјавил извор близок до пејачот за српските медиуми.
Сè уште не е познато каква казна ќе му биде изречена, но со признавањето на вината Лазиќ испрати порака дека е подготвен да понесе одговорност за својот чин.