
Фото: Принтскрин
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, излезе со сеопфатна програма за решавање на урбанистичките проблеми во општината, најавувајќи воведување на нов, транспарентен систем за управување со секој квадратен метар од просторот.
Османи нагласи дека справувањето со дивоградбите не значи запирање на развојот, туку негово насочување во правилна насока. Според него, Чаир мора да се гради и да напредува, но тоа ќе се прави вертикално, со јасни урбанистички планови, со цел да се ослободат површини за паркови, детски игралишта и паркинг простори.
„На урбаната мафија, која им го одзеде воздухот, водата, животот на луѓето за да профитира, не плаќајќи комуналии и даноци во Општината, збогатувајќи се на грбот на граѓаните, и велиме стоп на 20 октомври“, вели Османи.