Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Македонија – земја со најниски плати и најевтина работна сила“

Gladiator 01/10/2025

Фото: GladiatorVesti.mk

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, преку објава на социјалните мрежи алармираше дека македонските работници примаат најниски плати во регионот и се соочуваат со сериозна егзистенцијална криза.

Тој потсети дека додека во соседните земји, како Србија, минималната плата од октомври ќе надмине 500 евра, во Македонија таа и понатаму останува под 400 евра, што според него претставува јасен показател за потценетоста на македонскиот работник.

Трендафилов побара итно зголемување на минималната плата, нагласувајќи дека со сегашниот износ не може да се покријат ни основните трошоци за живот.

„Македонија не смее да остане земја со најниски плати и најевтина работна сила!

Во земја во која во месец мај 2025 година евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето плата од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7% од работниците примиле плата над просечната плата, фрапантни се податоците според кои уште позагрижувачки се податоците дека во месец мај (последен податок од УЈП обезбеден од ССМ) има евидентирано 0 (нула) работници кои примиле минимална плата и 0 (нула) работници кои примиле просечна плата што фрла дополнителен сомнеж на состојбите со платите во Македонија!

Ако се има предвид фактот дека од 2022 година, кога ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, имаше 7062 нови фирми, а избришани 5694, во 2023 година, со минимална плата од 20.175 денари, имаше 7062 новоосновани, а само 3372 затворени, а во 2024 година, со покачување на минималната на 22.567 денари, имаше 6627 нови фирми и само 2891 затворена, овие бројки покажуваат дека со секое зголемување на минималната плата бројот на затворени фирми ОПАЃА, а бројот на новоосновани фирми расте, тогаш паѓаат во вода сите изговори дека нема простор за зголемување на минималната плата.

Потсетуваме дека во регионот минималната плата расте, а само во Македонија стагнира. Па така, на пример, во Србија минималната плата од октомври ќе изнесува најмалку 500 евра, а во Македонија останува под 400 евра.

Тоа значи дека македонските работници се најпотценети во регионот и работат за најниски плати!

Затоа, бараме итно зголемување на минималната плата, бидејќи со сегашниот износ работниците не можат да ги покријат ни основните трошоци за живот.

Секоја одложена реакција е директен удар врз достоинството на работниците, а воедно и врз иднината на земјата. Македонија не смее да остане земја со најевтина работна сила – работниците заслужуваат плата што ќе обезбеди пристоен и достоинствен живот“, вели Трендафилов.

Tags: Македонија плати работници

Continue Reading

Previous: „Нема шанси да поддржам Македонец во втор круг“, вели кандидат за градоначалник на Брвеница
Next: Тажна вест: Почина познат македонски пејач

Слична содржина

(ФОТО) „Треба ли да се случи нова хаварија?“: Крстевски со алармантно предупредување за состојбата во Кочани

(ФОТО) „Треба ли да се случи нова хаварија?“: Крстевски со алармантно предупредување за состојбата во Кочани

20/11/2025
„Македонска вечер“ во Хамбург: Гавазова и Стојановски ќе имаат настап, а парите ќе се донираат за изградба на црква

„Македонска вечер“ во Хамбург: Гавазова и Стојановски ќе имаат настап, а парите ќе се донираат за изградба на црква

20/11/2025
(ВИДЕО) „Ти со лажно Гучи ќе ме запираш мене“: Странец сакаше со возило да влезе на плоштад во Скопје

(ВИДЕО) „Ти со лажно Гучи ќе ме запираш мене“: Странец сакаше со возило да влезе на плоштад во Скопје

20/11/2025

Најново

  • (ФОТО) „Треба ли да се случи нова хаварија?“: Крстевски со алармантно предупредување за состојбата во Кочани
  • „Македонска вечер“ во Хамбург: Гавазова и Стојановски ќе имаат настап, а парите ќе се донираат за изградба на црква
  • (ВИДЕО) „Ти со лажно Гучи ќе ме запираш мене“: Странец сакаше со возило да влезе на плоштад во Скопје
  • Затвор од две години и девет месеци за 20-годишник поради сообраќајка во која загина една девојка
  • Нова акција на полицијата: Уапсени уште 11 лица поврзани со дискотеката „Пулс“

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) „Треба ли да се случи нова хаварија?“: Крстевски со алармантно предупредување за состојбата во Кочани

(ФОТО) „Треба ли да се случи нова хаварија?“: Крстевски со алармантно предупредување за состојбата во Кочани

20/11/2025
„Македонска вечер“ во Хамбург: Гавазова и Стојановски ќе имаат настап, а парите ќе се донираат за изградба на црква

„Македонска вечер“ во Хамбург: Гавазова и Стојановски ќе имаат настап, а парите ќе се донираат за изградба на црква

20/11/2025
(ВИДЕО) „Ти со лажно Гучи ќе ме запираш мене“: Странец сакаше со возило да влезе на плоштад во Скопје

(ВИДЕО) „Ти со лажно Гучи ќе ме запираш мене“: Странец сакаше со возило да влезе на плоштад во Скопје

20/11/2025
Затвор од две години и девет месеци за 20-годишник поради сообраќајка во која загина една девојка

Затвор од две години и девет месеци за 20-годишник поради сообраќајка во која загина една девојка

20/11/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) „Треба ли да се случи нова хаварија?“: Крстевски со алармантно предупредување за состојбата во Кочани
  • „Македонска вечер“ во Хамбург: Гавазова и Стојановски ќе имаат настап, а парите ќе се донираат за изградба на црква
  • (ВИДЕО) „Ти со лажно Гучи ќе ме запираш мене“: Странец сакаше со возило да влезе на плоштад во Скопје
  • Затвор од две години и девет месеци за 20-годишник поради сообраќајка во која загина една девојка
  • Нова акција на полицијата: Уапсени уште 11 лица поврзани со дискотеката „Пулс“

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.