
Фото: Принтскрин
Инцидент на свадба во Горњи Милановац, Србија заврши со општа тепачка и интервенција на итната помош.
На 28 септември, во Полициската управа во Горњи Милановац била пријавена тепачка што избувнала во хотелот „Шумадија“ за време на свадбена веселба.
Според неофицијални информации на српските медиуми, неколку гости биле во видливо алкохолизирана состојба, а ситуацијата излегла од контрола кога еден од нив физички ја нападнал невестата. На тоа реагирал младоженецот, кој влегол во вербален конфликт со напаѓачот. Во метежот, една жена паднала на подот по расправија со младенците.
Екипата на Брзата помош пристигнала на местото многу брзо, но наместо смирување на ситуацијата, хаосот продолжил. Сопругот на жената која лежела на подот ги нападнал докторот и медицинската сестра, туркајќи ги, по што започнала општа тепачка меѓу присутните.