
Фото: Принтскрин
Украинските сили успеаја да урнат руски хеликоптер од типот Ми-8 со помош на FPV-дрон. Веста ја објави на Телеграм командантот на единиците за беспилотни системи при украинската армија, Роберт Бровди, познат под прекарот „Унгарец“.
Според неговото соопштение, операцијата била изведена од припадниците на Првата баталјонска единица за беспилотни системи при 59. воздушно-десантна бригада.
Видеото може да се погледне ТУКА.