
Фото: Принтскрин
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска упати остар коментар во врска со можноста за соборување на руски или белоруски авиони, оценувајќи дека таквите сценарија претставуваат директна закана за НАТО и нема да останат без одговор.
Лукашенко предупреди дека реакцијата на Минск и Москва би била моментална, додавајќи дека изјавите што доаѓаат од Западот се „целосно неодговорни“.
„Секој може да изнесува најразлични тврдења и да создава манипулации во јавноста. Но, кога ќе дојде до конкретна ситуација, тогаш ќе видите што и на кој начин ќе биде соборено“, изјави тој, одговарајќи на последните пораки на Алијансата, пренесе агенцијата ТАСС.