
Фото: Панче Тошковски
Независен Синдикат на Полицијата ја демантираше поранешната сопруга на загинатиот полицаец Тоше Тодоровски во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Како Независен синдикат на полицијата најостро го осудуваме сквернавењето на денешниот чин на откривање на спомен бистата на починатиот колега Тоше Тодоровски од страна на неговата поранешна сопруга.
Спомен бистата беше подигната од страна на синдикатот во негова чест, а на настанот беа поканети како гости неговото семејство, Министерот за внатрешни работи, Директорот на Бирото за јавна безбедност и сите останати колеги и граѓани. На настанот беше присутна и неговата поранешна сопруга и истата положи цвеќе заедно со нејзините деца кои до смртта на Тоше живееја со него.
Згрозени сме од мешањето на политиката и личните интереси на поединци кои фрлаат сенка на настанот кој треба да даде признание токму на неговиот живот и дело и да остави трајна вредност за неговоте деца“, велат од синдикатот.