Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Денеска е Крстовден: Народни верувања кои работи треба и не треба да се прават

Gladiator 27/09/2025

Фото: Принтскрин

Се верува дека оние кои го слават својот роденден на Крстовден ја носат духовната тежина на Светиот крст на своите рамена и затоа се посебно одговорни за своите дела пред Бога.

Крстовден е еден од најголемите христијански празници. Тој го одбележува наоѓањето на Чесниот крст на Голгота, како и неговото враќање од Персија во Ерусалим. Празникот е познат и како Воздвижение на Чесниот Крст.

Православната црква го празнува двапати годишно – на 18 јануари и на 27 септември. Според народната традиција, верниците строго постеле на овој ден, а по селата често се организирале панаѓури и собири.

Во македонските краишта се зачувани и специфични обичаи. Еден од нив е премачкување на добитокот со катран во форма на крст, со што луѓето верувале дека ќе ги заштитат животните од болести. Народното верување исто така вели дека на Крстовден змиите се повлекуваат во своите дупки и веќе не се појавуваат по полињата.

Во црковната традиција на овој ден се осветувале босилек, грозје, жито и јаболка. Осветениот босилек обично се чувал крај иконата во домот, а подоцна се користел за лекување и духовна заштита. Така, Крстовден не е само празник на верата, туку и ден исполнет со народни обичаи и симболика што се пренесувале низ генерации.

Се верува дека какво е времето во текот на Крстовден таква ќе биде и годината, односно:

Ако е облачно на Крстовден, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде суво.

Ако до Крстовден ластовичките не заминат на југ, нема да бидемногу студена зимата.

Тивкиот дожд на Крстовден предвидува блага зима.

Грмотевица на Крстовден навестува плодна година.

Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако денот е ведар, тогаш зимата ќе биде сува и студена.

На Крстовден се почитува и строг пост – на леб и вода.

Tags: Крстовден

Continue Reading

Previous: (Видео) Девојка од Куманово нема мир, маж со месеци ја демнее – сакал и да ја киднапира
Next: (Видео) Украина не запира со нападите: Рафинериите низ Русија во пламен

Најново

  • АИ КАМЕРИТЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕДИЗВИКАА ХАОС: Илјадници погрешни казни и сомнежи во системот!
  • (ФОТО) ТАГА ВО МЕДИУМСКИОТ СВЕТ: Почина поранешна водителка од култната телевизиска емисија “Версус”!
  • (ВИДЕО) Мотоциклист тешко повреден по силен удар во потпорен ѕид кај Ужице!
  • Земјотрес регистриран во Охрид и Струга во раните утрински часови!
  • Карпош издвојува помош за семејствата на жртвите од трагедијата на скопската обиколница – Еве по колку ќе добијат!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

АИ КАМЕРИТЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕДИЗВИКАА ХАОС: Илјадници погрешни казни и сомнежи во системот!

АИ КАМЕРИТЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕДИЗВИКАА ХАОС: Илјадници погрешни казни и сомнежи во системот!

11/06/2026
(ФОТО) ТАГА ВО МЕДИУМСКИОТ СВЕТ: Почина поранешна водителка од култната телевизиска емисија “Версус”!

(ФОТО) ТАГА ВО МЕДИУМСКИОТ СВЕТ: Почина поранешна водителка од култната телевизиска емисија “Версус”!

11/06/2026
(ВИДЕО) Мотоциклист тешко повреден по силен удар во потпорен ѕид кај Ужице!

(ВИДЕО) Мотоциклист тешко повреден по силен удар во потпорен ѕид кај Ужице!

11/06/2026
Земјотрес регистриран во Охрид и Струга во раните утрински часови!

Земјотрес регистриран во Охрид и Струга во раните утрински часови!

11/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • АИ КАМЕРИТЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕДИЗВИКАА ХАОС: Илјадници погрешни казни и сомнежи во системот!
  • (ФОТО) ТАГА ВО МЕДИУМСКИОТ СВЕТ: Почина поранешна водителка од култната телевизиска емисија “Версус”!
  • (ВИДЕО) Мотоциклист тешко повреден по силен удар во потпорен ѕид кај Ужице!
  • Земјотрес регистриран во Охрид и Струга во раните утрински часови!
  • Карпош издвојува помош за семејствата на жртвите од трагедијата на скопската обиколница – Еве по колку ќе добијат!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.