
Фото: ДЗС
Претпладнево на регионалниот пат Гевгелија – Богданци се случи сообраќајна несреќа со цистерна која превезувала нафта, при што возилото излетало од патот и се превртело. Поради ударот дошло до истекување на нафтата и палење на огнот, кој предизвика густ црн чад.
Екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Гевгелија веднаш интервенираа и со специјална пена го изгасија пламенот. Во моментот пожарот е целосно под контрола, но истекувањето на нафтата продолжува.
„Надлежните информираат дека опасноста од повторно палење на огнот е сведена на минимум, додека екипите продолжуваат со обезбедување на местото на несреќата и справување со истекувањето на нафтата“, објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

