
Фото: Принтскрин
Фолк-пејачот Дарко Лазиќ синоќа доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопат, при што во возилото со него се наоѓала и неговата сопруга, Катарина Лазиќ.
По несреќата, Лазиќ бил итно пренесен во Воено-медицинската академија (ВМА), додека Катарина завршила во болницата во Земун. Според информациите, пејачот добил сериозна повреда на главата, но по деталните лекарски прегледи бил пуштен на домашно лекување.
Фотографите на „Блиц“ го забележале моментот кога Лазиќ ја напуштил ВМА – тој бил свесен, со завој на главата и видливи повреди на лицето. Сликите може да ги погледнете ТУКА.