
Фото: Принтскрин
Од 26 септември, со стапувањето во сила на новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, се воведуваат построги правила за користење на мобилни телефони и слушалки за пешаците, велосипедистите и корисниците на тротинети.
Според измените, пешаците кои ќе поминуваат на пешачки премин со телефон во рака или слушалки на уво ќе се соочат со глоба од 40 евра.
Казната за користење електронски уреди при управување со тротинет, мотор или трактор изнесува 50 евра. Законот нагласува дека пешаците мора да се движат внимателно и да не користат уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека.