
Фото: Принтскрин
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации, каде беше пречекан со аплауз на подиумот. Тој започна со појаснување дека го држи говорот без телепромптер, кој, како што рече, не функционира, додавајќи дека тоа му овозможува да зборува „повеќе од срце“.
Трамп се осврна на својот претходен мандат, истакнувајќи дека пред шест години светот бил во мир и просперитет.
„Од тогаш, војните ги разбија мирот кој го создадов на два континента, а ерата на стабилност настапи на место на една од најголемите кризи на нашето време“, рече тој. Воедно, тој го истакна напредокот на САД по враќањето во Белата куќа, наведувајќи ја силната економија, стабилните граници, моќната армија и силниот национален дух како клучни предности на земјата.
Претседателот додаде дека за време на неговиот мандат биле завршени седум конфликти, но дека од Обединетите нации не добил конкретна помош при финализирањето на мировните договори.