
Фото: Принтскрин
Летово повторно имаше пожари низ цела Македонија, па поради тоа еден иселеник реши да донира противпожарно возило.
Фаик Адеми, кој живее во Швајцарија, донираше противпожарно возило на Општина Кичево. Тој е редовен хуманитарец и активист, кој со години придонесува за својот роден крај.
Современото возило е целосно опремено со сè што е потребно за ефикасно гаснење пожари. На ваков чекор го поттикнаа бројните пожари што ја зафатија земјата годинава.
Видео: TV21