Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Путин сака да го обнови Руското царство, мора да го запреме“, вели важен човек на Трамп

Gladiator 19/09/2025

Фото: Принтскрин

Американскиот генерал Кит Келог, специјален соработник на претседателот Доналд Трамп за Украина, предупреди дека евентуална руска победа во Украина би можела да го охрабри Владимир Путин да започне напад врз некоја од членките на НАТО. Во интервју за „Телеграф“, Келог направи паралела со настаните пред Втората светска војна.

Тој се надоврза и на изјавата на поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, кој минатата недела изрази стравувања дека доколку Москва ја освои Украина, следен чекор би бил напад врз НАТО.

„Апсолутно. Путин и Русија треба да се гледаат како експанзионистичка сила. Тој има цел да го обнови Руското царство – историјата тоа го покажува. Дадете му инч, ќе земе милја“, изјави Келог.

Генералот потсети на 1938 година кога Хитлер во Минхен тврдеше дека сака само дел од Судетската област. „Потоа го зеде Порајне, Полска, и на крајот светот влезе во Втората светска војна. Историјата не се повторува буквално, но сигурно се ’римува’. Токму тоа денес се случува со Украина. Мораме веднаш да го запреме Путин“, нагласи тој.

Келог оцени и дека рускиот лидер „никогаш не престанал да биде агент на КГБ“. „Тој не го разбира Западот. Се преправа дека не зборува англиски, но всушност го зборува и неколку пати сме го фатиле во тоа. Тој е манипулатор, а единствено што може да му се спротивстави е силата“, додаде генералот.

Tags: Владимир Путин Доналд Трамп

Continue Reading

Previous: (Видео) Две возила се судрија кај кулите „Џевахир“
Next: (Видео) Полска ги крена ловците: Русија изведе масовен напад со ракети и дронови врз Украина

Најново

  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!
  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!

(ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!

11/09/2026
(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

11/09/2026
(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

11/09/2026
Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

11/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!
  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.