
Фото: Принтскрин
Видео кое се споделува на социјалните мрежи прикажува трагичен момент во кој 61-годишниот грчки планинар Христос Ставрианидис го загуби животот по средба со мечка во густите шуми на планината Фракто, кај Драма.
Сцената е снимена со неговиот мобилен телефон и го документира целиот настан – од првиот контакт со дивото животно, па сè до фаталниот пад во клисура.
Локалните медиуми јавуваат дека трагедијата длабоко ја потресе заедницата во Драма, а видеото предизвика бројни реакции кај јавноста.
Засега не е познато кога точно е направена снимката.