
На 18 септември, православната црква го одбележува споменот на Светиот пророк Захарија и праведната Елисавета, родители на Свети Јован Крстител. Тие добија дете во многу позни години, што во народот се смета за знак дека молитвите за потомство можат да бидат посебно ефективни токму на овој ден.
Захарија, син на Варахиин од родот на Авиј, и Елисавета, ќерка на Совија и сестра на света Ана, беа старосни кога Ангел Божји им објави дека ќе добијат син. Кога Захарија се посомневаше, Ангелот го потврди чудото и тој онеме додека не се роди Јован, кој подоцна стана Свети Јован Крстител.
Во времето на Ирод, Захарија беше убиен пред олтарот, но Елисавета со Јован побегна во пустината, каде со чудо беа заштитени од Бога. Таму, водата потече од карпа и израсна плодородна палма, знак на Божјата промисла.
Молитва за брачни парови:
На овој ден, паровите се охрабруваат да одат во црква, да запалат свеќа и да се помолат:
„Свети Захарија и праведна Елисавето, вие што долго го чекавте благословот на дете, молете се за нас. Благословете го нашиот брак и дарувајте ни трпение, вера и сила за да ги израснеме децата во љубов и правда. Амин.“