
Фото: Лина Ѓорческа
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи својата успешна серија по настапите во Романија и денеска обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот во Куршумлиска Бања. Таа славеше против Американката Ели Шоп со убедливи 2-0 во сетови.
Првиот сет Ѓорческа го реши во своја корист со 6-4, откако во седмиот гем успеа да направи клучен брејк кој ја однесе до предност што не ја испушти до крајот. Во вториот сет мечот беше поизрамнет, двете тенисерки направија по еден брејк, па победата се решаваше во тај-брејк.
Македонската тенисерка остана смирена и со одлична игра во клучните моменти го доби тај-брејкот со 7-2, обезбедувајќи место меѓу најдобрите 16 на турнирот.