Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Емотивен статус на мајката на загинатиот Андреј: Шест месеци без тебе, душата ми е искината на милион парчиња

Gladiator 17/09/2025

Фото: Marija Petrushova

„Син на мајка – Андреј. Сине мој, сè уште стоиш во мојот телефон како ‘Син на мајка’. Секој ден повторно ги отворам нашите разговори и читам… барам трага од тебе, глас што нема да замолчи. Зборови што ми се како здив, но и како нож. Телефонот ми е во рака, проверувам – дали си ми пишал, дали имам пропуштен повик… секојпат се надевам на чудо. Сеуште ја бирам твојата шифра, почнувам порака – пишувам, пишувам – а одговор нема. Само мртва тишина.

Поминаа шест месеци, сине. Шест месеци без тебе, без твојата насмевка, без твоите прегратки. И јас одбивам да прифатам дека никогаш нема да се вратиш. Душата ми е искината на милион парчиња. Секој ден ми е потежок, секој здив ми е потежок. Болката расте, а со неа и празнината.

Секогаш се сеќавам на ноќта… Ноќта кога петнаесет минути неизвесност беа мојата најголема светлина. Последната вест што ја слушнав кога ве барав пред ужасот кој го затеков пред дискотеката: „Со амбулантно возило отидоа во болница, Андреј беше со слаб пулс, Кристијан е во свесна состојба, со него е…“ Петнаесет минути надеж. Петнаесет минути вера дека ќе останете живи и двајцата. А потоа… кога влегов и те видов легнат на кревет, без изгореници… не сфатив. Не прифатив. Не можев да поверувам дека е готово, дека те изгубив засекогаш. Само гласот на брат ти одекна до мене: „МАМО, МАМО, НЕ УСПЕА БРАТ МИ, ГО ИЗГУБИВМЕ ЗАСЕКОГАШ!“

Тој крик ми ја распарчи душата. Се обидувавме да те анимираме, да те вратиме… Се борев да ја грабнам твојата душа назад, но Господ не ме послуша. Плачев: „Земи ме мене, Господи, остави го него. Тој е млад, тој е мојата иднина, тој е мојот живот!“ Но не… те изгубив, сине. Те изгубив засекогаш.

Се враќам на тој ден – 16 март 2025 година – денот кога светот престана да постои за мене. Денот кога ми згасна сонцето. Денот кога ја изгубив мојата сила. Зошто, Андреј? Зошто не успеа? Зошто не можеше да се спасиш? Илјада прашања ми горат во мислите, но одговори нема. Само болка. Само црнина.

Животот ми остана темница. Секој здив е како нож. Секој чекор е без смисла. Сине мој, ангеле мој – ми недостигаш повеќе од сè, повеќе од зборови. Те барам во сонот, те очекувам на вратата – да влезеш со насмевка и да ми речеш: „Мамо, тука сум“. Но се будам, и вистината пак ме убива. Ќе продолжам да пишувам пораки што никогаш нема да стигнат. Ќе продолжам да те барам во секоја светлина, во секој здив, во секое срце што чука околу мене. Зашто ти, Андреј мој си и ќе останеш мојата вечна љубов, мојата вечна рана, мојата вечна болка“, пишува мајката на Андреј.

Continue Reading

Previous: „Мајка ми утрово си тргна здрава и жива на пазар, а заврши со брза помош во болница со скршеници“
Next: Боки 13: Бев будала што верував во шарената револуција

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

22/06/2026
(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

22/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.