
Фото: Принтскрин
Македонскиот пејач Роберт Вукелиќ на социјалните мрежи објави порака во која откри дека неговата мајка се здобила со тешки повреди додека се обидувала безгрижно да стигне до пазар.
Во продолжение може да го прочитате статусот на Роберт.
„Денес мојата мајка,утре друг човек ќе се искрши и ќе пострада! Поради неспособноста на луѓето кои ги гласаме,и за возврат ништо не превземаат ниту прават во корист на граѓаните.
Триесет години вмро и сдсм само тие и никој друг! Го лажат народот, го уништуваат,ја уништија цела држава,ја направија нај небезбедна,ја одселија цела младина и секогаш вината едни на други си ја префрлаат.
Бобан Стефковски последниот градоначалник на Гази Баба,освен концерти со певаљки и сликање ништо корисно и добро не направи за општината а ниту за Автокоманда.
Заборави дека сите ние му дадовме поддршка целосна за да стане градоначалник.
Засрами се на неспособноста,како може толку време ништо да не направиш за населбата,дури и патеките кои се предвидени за пешаци да не бидат истите безбедни.
Утрово мојата мајка си тргна на пазар здрава жива,место дома да си дојде ја однеле со брза помош во болница зошто се здоби со повреди и скршеници!
Се поради неспособноста и трулоста во системот.
Кога патека која е предвидена за пешаци не е безбедена што останало за друго во државата.
Шахтата со недели стој отворена,ни да се санира ни да се превземе нешто додека не се случи ваква трагедија.
На жал требаше вакво нешто да се случи со мојата мајка,за сега сигурно да му ја пренесат веста на граданачалникот нивен,но не дека ги интересира затоа што пострадал човек туку за неговата репутација и рејтинг.
Кај нас на жал така функционираат работите во ова нездраво и корумпирано општество.
Додека во нормална држава вакви хроники и ваков безобразлук нема.
А за ова ќе сноснат одговорност било кои да се“, објави Роберт.