Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека американската војска повторно извршила напад врз брод кој пренесувал дрога од Венецуела, при што животот го загубиле тројца луѓе на бродот.
„Нападот се случил додека овие потврдени наркотерористи од Венецуела се движеле во меѓународни води, пренесувајќи нелегални дроги, опасни за Американците, кон САД“, напиша Трамп на својот профил на X.
Тој додаде дека „овие насилни картели за трговија со дрога претставуваат сериозна закана за националната безбедност, надворешната политика и виталните интереси на САД“.
