
Фото: Принтскрин
Фудбалерите на Партизан во рамки на седмото коло гостуваа во Суботица кај Спартак и славеа со убедливи 5:2, најавувајќи го претстојното „вечно дерби“. Но, нивните навивачи, попознатите Гробари, беа дочекани со вистинска заседа од најголемите ривали – Делиите.
Според снимки кои се појавија на социјалните мрежи, група навивачи на Црвена звезда изненадно излетала вооружена со бакли, метални шипки и палки, напаѓајќи ги Гробарите.
Полицијата брзо реагирала и се појавила на местото на инцидентот, но засега нема официјални информации колку навивачи учествувале во тепачката, ниту дали има повредени.
Познатата навивачка страница „192_rs“ објави дека станувало збор за однапред подготвена заседа, што уште еднаш ја потврдува долгогодишната жестока нетрпеливост меѓу двете најголеми навивачки групи во Србија.