
Фото: Принтскрин
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, попладнево даде извештај за состојбата на депонијата Дрисла. Според него, количината на чад од депонијата е значително намалена, додека активностите за затрупување продолжуваат.
„Изработен е нов земјен пат кој го одделува ѕидот на депонијата од делот со заезерени отпадни води што содржат запаливи гасови. Иако и натаму се забележува чад, тој е во неспоредливо помал обем во однос на првиот ден. Затрупувањето ќе продолжи и утре, а преостанува помалку од една третина од првично опожарената површина“, изјави Ангелов.