
Фото: Принтскрин
Американските безбедносни служби открија нови информации околу убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, кој беше застрелан на универзитетскиот кампус во Јута. На прес-конференција, претставници на полицијата и ФБИ потврдија дека успеале да го следат движењето на осомничениот и дека е пронајдено оружјето со кое е извршено убиството.
„Лоциравме неколку лица кои првично изгледаа сомнително, но тие се покажаа како невини. Сепак, тие се соочија со закани и апелираме до јавноста да биде внимателна – тие луѓе не се осомничени и не заслужуваат вознемирување“, изјави комесарот Бо Мејсон од полицијата во Јута.
Според него, истрагата покажала дека осомничениот пристигнал на кампусот и се движел по скалите кон покривот, од каде што дошло до пукањето. По нападот, тој скокнал од зградата и избегал во близината. Истражителите го пребарувале соседството и собрале траги, а од снимките располагаат со јасни фотографии од осомничениот.
„Имаме добри снимки од напаѓачот, но за сега нема да ги објавиме. Доколку не успееме да го лоцираме, тогаш ќе ги дадеме на медиумите и ќе побараме помош од јавноста“, додаде Мејсон.
ФБИ соопшти дека во шумското подрачје каде што осомничениот побегнал, била пронајдена пушката со која е извршен нападот. Дополнително биле собрани и отисок од дланка, како и траги од подлактица, кои ќе бидат предмет на детална анализа.
Според полицијата, осомничениот изгледал како студент, што му овозможило да се вклопи на кампусот без да предизвика сомнеж. За него е познато дека е машко лице и дека безбедносните служби располагаат со негови фотографии, но засега останува нејасно колку далеку успеал да побегне.
The Charlie Kirk shooter was spotted lying low on a building and running away as soon as he was done. Sure he isn't a professional and they are gonna catch him soon. pic.twitter.com/u76bt9yLUw
— Digital Cowboy (@C0ur4g3X) September 11, 2025