Фото: Емилија
Утрово Емилија Мицкоски на социјалните мрежи објави емотивен статус во кој опиша дел од личната загуба што нејзиното семејство ја претрпело во големиот пожар кој во неделата го зафати селото Раштак.
Во својата објава таа сподели и фотографии, нагласувајќи дека сликите претставуваат нивна семејна штета од катастрофалната огнена стихија.
„На сликите е лично наша семејна штета од катастрофалниот пожар во неделата во Раштак. Објавата е на сопругот, не користи FB, нема време кога се занимавате со земјоделие. Пожарот предизвика огромни:
Индиректни лични потешко мерливи штети:
• Неизбришлива траума на деца кои во паника ги собираа највредните лични работи од куќата
• 10тина сати директно дишење отровен чад
• Психолошки и здравствени последици од исчезнувањето пред очи на се што 12тина години сме го создавале
• Месеци на неизвесност и органска земја (на која трошка хемија не е искористена над една декадa), сега претворена во згариште
Директни лична мерливи штети:
• Амбар,сточна храна, придружни земјоделски објекти, електрични огради за живина, струјни/водоводни и инсталации за надзор, живина, млад овоштарник, градинарски производи во тек, мал пасивен соларен стакленик, домашни фотоволатаици, современ градинарски и домашен алат, разновиден инвентар…
Директни заеднички видливи мерливи штети:
• Десетици хектари изгорени ниви, дрва и полиња, згорени струјни инсталации, воздух кој наместо најчистиот кој го имавме, сега доста време ќе биде токсичен, дивеч кој во паника бегаше без контрола…
Индиректна заедничка потешко мерлива штета:
• Има многу, клучна – Исчезнување на желбата да се ревитализира селото, а со тоа и државата. Зашто ако за неколку сати можат да се уништат декади труд и вложувања поради неодговорност и неорганизација, зашто некој би се трудел и вложувал? (не бегаат децата и возрасните од што нема пари и работа во државава)
Најтешко од се, секојдневната болка кога наместо зеленило, птици и иднина, ќе гледате згариште и безперспективност…
Клучни причини:
• Некој реши да пали стрниште на ден пладне во лето,
• Се наоѓаме на 15км од центарот на главниот град, и немаме (редовно) водоснабдување..
• Немаме појаси за заштита од пожар
• Земјиштето не се обработува
За крај, огромна, бескрајна благодарност:
• На храбрите пожарникари кои спасија да не исчезне се, можеби и животи.
• На пилотите кои со специјалните летала во 2-3 наврати исфрлија течност,некои и точно пред нашите куќи, едниот од нив особено прецизно, во низок лет. Подоцна активирани, ама не спасија во критични моменти.
• На многуте добри луѓе, соселани, комшии и непознати кои помогнаа.
• На екипите на ЕВН кои после повеќе од 24 сати ни ја вратија струјата.
Тешко ми е да изустам, но ние сепак имавме среќа и волја на Севишниот кому сме му благодарни да не изгубиме животи, не беше далеку…
Печат очите, пече грлото од пожарот, ама најмногу пече душата…
П.С. Кој е заинтересиран да прочита, ќе објавиме и линк со подолга верзија со повеќе детали за погорното“, објави Емилија.
