
Фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија
Македонската фудбалска репрезентација одигра возбудливо прво полувреме против Саудиска Арабија, кое мина во знакот на мајсторијата на Александар Трајковски.
Искусниот напаѓач уште еднаш ја покажа својата класа – со атрактивен удар „со ножички“ успеа да ја погоди мрежата на противникот и да ја донесе Македонија во водство. Голот беше вистинско ремек-дело што ги крена на нозе навивачите.
Сепак, радоста не траеше долго. Во завршницата на првиот дел, Саудиска Арабија успеа да ја искористи една од своите шанси и да израмни на 1-1, со што двете селекции на пауза заминаа изедначени.
Фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија