Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Не само што не може да ја поделат Македонија, туку може да одат в затвор“: ВМРО-ДПМНЕ со порака до Ахмети

Gladiator 02/09/2025

Фото: Принтскрин

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на вчерашното обраќање на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за време на партискиот настан во општина Чаир. Од владејачката партија порачаа дека ваквиот настап е знак на очај во редовите на ДУИ, особено кога Ахмети повторно се навраќа на настани и тези стари речиси четврт век.

Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо да понуди одговори и решенија за актуелните проблеми што ги засегаат граѓаните – како што се економската криза, корупцијата и иселувањето – ДУИ се обидува да ја врати јавната дебата назад во минатото.

„ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, сега сме 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат Македонија и ги злоупотребуваат пред сè своите гласачи. И една друга теза која ги повикавме Албанците да ја слушнат јасно, дали сте свесни дека додека ДУИ е на власт, овие 24 години има егзодус на Албанците (и на Македонците и останатите, но во огромен процент на Албанците), и има толку раселени Албанци од Македонија што Ахмети дури и да ја поделел во 2001, сега Македонија што ќе му останела ќе била иста и бетер како оваа целата, сиромашна, опљачкана и празна. Ние се бориме за доброто на сите. И апелираме да не се дозволува да се инволвира јавноста во овие теми затоа што Ахмети ако не зборува за овие теми станува безначаен, празен и гол, при што лесно се гледа неговото вистинско корумпирано лице, и на неговите најблиски. ДУИ без да се реформира освен со Филипче заради тоа што се исти и со исти вредности и одраз на еден ист ментален склоп, нема соговорник и публика кај никој друг во македонскиот блок, ниту пак некој ги сфаќа сериозно нивните потсетувања на конфликтот после 24 години нивно владеење во земјава од која остана пепел, сиромаштија и се произведоа тајкуни блиски до ДУИ и дел од ДУИ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Tags: Али Ахмети ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading

Previous: (Видео) Самир и Бранко со донации, но и пари од свој џеб платија чистење со механизација на каналот до Дојранското езеро
Next: Филипче: Знам дека граѓаните се против Бугари во Устав, но тоа од нас го бара ЕУ

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

22/06/2026
(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

22/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.