
Фото: Принтскрин
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пред јавноста ги претстави новите државни мерки насочени кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Во своето обраќање, тој нагласи дека ова е еден од најкомплексните задачи со кои се соочил досега, додавајќи дека подготвителниот процес траел со денови и бил реализиран во соработка со сите релевантни министерства и институции. „Денес ќе презентираме дел од програмата, а останатите мерки ќе бидат соопштени во средината на септември“, изјави Вучиќ.
На масата пред него беа поставени корпи со намирници, симболично претставувајќи ги производите за кои ќе се однесуваат новите одлуки. Вучиќ призна дека мерките можеби доаѓаат со задоцнување, но посочи дека е убеден во нивната исправност и значењето што ќе го имаат за подобар живот на граѓаните.
„Станува збор за околу 3.000 производи, поделени во 23 групи. Во Европската унија, трошоците за минималната потрошувачка корпа изнесуваат од 13 до 15 проценти од просечната плата, додека во Србија тие достигнуваат меѓу 40 и 47 проценти. Тоа значи дека најголемиот дел од приходите на граѓаните оди на храна и безалкохолни пијалаци, оставајќи помалку средства за останатите потреби“, објасни претседателот.