
Фото: Принтскрин
На плажата во Улцињ денеска се одвивала вистинска драма! Силните бранови довеле една жена во животна опасност, а снимка од оваа многу ризична ситуација се појави на социјалните мрежи.
Како што може да се види на видеото објавено на Инстаграм страницата „Подгорички времеплов“, од морето била извлечена жена чиј идентитет засега не е познат.