
Фото: Принтскрин
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по подолго време се појави на стадионот „Рајко Митиќ“ за да го проследи во живо натпреварот на неговиот омилен клуб – Црвена звезда.
Сепак, наместо радост и спортски уживање, Вучиќ се соочи со непријатни моменти – неговиот тим неочекувано беше поразен на домашен терен, а при заминувањето од стадионот беше мета на жестоки навреди од трибините.
Според информациите, на најголемиот стадион во Србија присуствувале околу 40.000 гледачи. Црвена звезда загуби со 2:1, но резултатот не беше единственото разочарување за српскиот претседател. Во моментите кога го напушташе стадионот, најверните навивачи, „Делиите“ почнале да скандираат навредливи пораки кон него, а наскоро во тоа им се придружил и поголемиот дел од публиката.