
Фото: Горан Анастасовски
Во Скопската зоолошка градина пристигна ново прекрасно засилување – се роди женка елен лопатар со исклучително ретка кафеава нијанса на крзното.
Од ЗОО Скопје ја пречекаа малата еленка со голема радост и ја споделија веста со јавноста преку фотографии и објава на социјалните мрежи.
Новиот жител на Скопје ЗОО ни донесе многу радост ♥️
Преубава мала дама од видот елен лопатар со ретка кафеава боја е најновата принова во скопската зоолошка 🥰
Фото: Горан Анастасовски