Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Родителите од Кочани со горчливо сведоштво: „Премиерот нè праша која е цената за животот на нашите деца“

Gladiator 17/08/2025

Пет месеци по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, родителите на загинатите млади сè уште живеат со болката и горчината. Во разговор со нашата редакција, тие отворено зборуваа за своето искуство и разочараноста од институциите.

Со треперливи гласови и солзи во очите, родителите раскажаа низ што поминуваат, особено по средбата со премиерот Христијан Мицкоски. „Очекувавме состанок исполнет со разбирање и емпатија, но тоа беше единствениот пат кога го видовме. Наместо човечка блискост, добивме разочарување,“ вели една мајка.

Таа додава дека на влезот во кабинетот биле пристојно пречекани од службениците, но впечатокот што го оставил премиерот бил поинаков: „Со дел од нас едвај се поздрави, а некои ги тапна само по рамото, без зборови.“

Родителите потсетуваат дека претходно доставиле официјално барање до Кабинетот на премиерот, како и до претседателката и претседателот на Собранието. Иако писмото било заведено на 3 јули, премиерот тврдеше дека првпат го гледа. „Рече дека не морал да го види за да знае што пишува, и покрај тоа што дописот беше јавно објавен,“ раскажува една од мајките.

Дополнителен шок предизвикала реакцијата на неговата потпаролка, која наместо да го проследи писмото до адресатот, го препратила во други институции. Кога конечно премиерот ги погледнал барањата, одбил да го прочита целиот документ. „Не, не, ќе ви го скратам времето, вие сигурно брзате за на гробишта,“ бил неговиот одговор.

Особено болно им звучеле неговите зборови за првата точка – еднократна парична помош. „Не праша дали и ние како СДСМ бараме пари, само уште цената да си ја кажеме за нашите деца,“ велат родителите.

Тие го потсетиле дека никогаш не дошол во Кочани да запали свеќа или да изрази поддршка, на што премиерот возвратил дека вината не била негова.

Извор: Инфомакс

Tags: кочани македонија

Continue Reading

Previous: Честит ден на Армијата на Република Македонија!
Next: Почина 21-годишниот Виктор Боневски: млад спортист кој храбро се бореше со тешка болест

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

22/01/2026
(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

22/01/2026
Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

22/01/2026
Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

22/01/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.