
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на новата донација од САД – 29 оклопни возила за македонската Армија.
Тој изјави дека инвестициите во Армијата се инвестиции во траен мир и безбедност на државата, нагласувајќи дека модернизацијата на вооружените сили останува врвен приоритет.

Мицкоски најави продолжување на процесот на опремување, како и вложувања во изградба и модернизација на Коридорите 8 и 10, кои, според него, ќе бидат клучни логистички правци за Јужното крило на НАТО.
Премиерот се заблагодари на американската амбасадорка за поддршката и ја истакна важноста на партнерството меѓу Северна Македонија и САД во одбранбениот сектор.
