
Фото: Принтскрин
Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи утврди сериозно непрофесионално и неетичко постапување од страна на началникот на ОВР Демир Хисар.
Според наодите, инцидентот се случил завчера, кога началникот инсистирал болна жена – осомничена директорка на средно училиште – да биде пренесена со носилка во полициската станица, и покрај тоа што лекарите од Итната медицинска помош укажувале на нејзината влошена здравствена состојба и потребата од медицинска грижа.
„Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка“, соопшти МВР.