Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Душко, човекот што носеше светлина, а денес го газат со омраза

Gladiator 04/08/2025

Фото: Adora.mk

Кој беше Душко Чифлиганец?
Душко беше млад човек со големо срце и уште поголеми соништа. Бизнисмен, хуманитарец, спортист, пријател. Човек кој вложуваше во Македонија, кој го претставуваше македонското знаме со гордост каде и да се појавеше. Како амбасадор на спортот и на нашата земја, се натпреваруваше и со гордост ги посветуваше своите победи на Македонија. Toj помагаше не само преку големи донации, туку и преку лична поддршка на многу семејства и индивидуи.

Една од неговите најголеми страсти беа моторите. За него тоа не беше само хоби, туку начин да ја почувствува слободата, да го истражува светот и да ја доживее адреналинската страна на животот.

За жал, на 2 август 2025 година, за време на мото-трка во Брно, Чешка, Душко доживеа тешка несреќа. По повеќе од 24 часа борба за живот, вечерта на 3 август, почина во болница. Отиде прерано, на само 32 години, оставајќи празнина која не може да се пополни.

И во вакви моменти, кога едно младо срце престанало да чука, нормално е да чувствуваме тага, шок и сочувство. Но, за жал, сведоци сме на нешто што навистина боли… Коментари кои велат дека „кармата го стигнала“ или дека „си барал“. Да, секој има право на свое мислење, но ваквите зборови во моменти на тага се не само нечовечки, туку и понижувачки за сите нас како општество. Згрозени сме!

Душко не беше совршен, никој од нас не е. Но тој беше човек кој остави зад себе дела, а не празни зборови. Беше човек кој помагаше, создаваше и мотивираше. А да зборуваш лошо за некого што веќе го нема, значи да ја изгубиш најосновната човечка доблест, а тоа е емпатијата…

Дуле, иако не те познававме лично, знаеме дека на патеката ти беше дома. Со моторот зборуваше јазикот на брзината и слободата. Патувај шампионе, нека твојот дух вози бесконечно, таму горе каде свиоците никогаш не завршуваат.

Сочуство до неговото семејство, а нам нека ни биде лекција: да зборуваме со почит, затоа што никогаш не знаеме кога ќе дојде моментот кога и за нас ќе се зборува.

Tags: адора душко чифлиганец

Continue Reading

Previous: Обид за убиство: Еден го бодел со нож, а друг довикувал да го „доврши“
Next: Градоначалникот на Охрид донираше икона за црквата „Св. Атанасиј“

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

10/03/2026
Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

10/03/2026
(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

10/03/2026
(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

10/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.