Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка трагедија фросина кулакова црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Пирамиди во Македонија – монументални градби или дело на мајка природа?

Gladiator 26/10/2024

Пирамидите се едни од најпознатите градби во историјата. Тие се наоѓаат на различни локации, а се изградени од цивилизациите во повеќе делови од светот. Некои од најпознатите се Црвената пирамида во Дашур, како и Кеопсовата пирамида во Гиза, но во изминатите години често се шпекулираше дека пирамиди има и во Македонија.

Голем дел од пирамидите биле изградени како гробници за фараоните на земјата и нивните сопруги за време на Старото и Средното кралство, а од сателиски слики може да се забележи дека на територијата на Македонија има неколку места на кои се претпоставува дека постојат пирамиди.

Според некои легенди, најверојатно и Александар Македонски со неговата војска преку освојувањето на Египет ги пренесувале нивната култура и знаења на останатите територии со кои владееле.

Босанскиот истражувач Семир Османагиќ е истражувач на мегалитски и пирамидални локации низ светот, а воедно е автор и на 18 книги за древните цивилизации и пирамиди. Тој е пронаоѓач и на Босанските пирамиди и праисториски тунели во Виоко, Босна и Херцеговина.

Османагиќ во мај годинава беше во шестдневна обиколка на важни археолошки подрачја во Македонија и заклучи дека државата е бисер на светската археолошка мапа, а притоа зборуваше за некои важни локации во нашата татковина.

Кокино, според истражувачот Османагиќ, е место во кое луѓето од неолитот пред илјадници години правеле длабнатини на вулканските камења за да можат да го следат движењето на Сонцето.

Истраживачот бил и кај Цоцев Камен во близина на Кокино, за кој вели дека е локација со перфектна ориентација кон четирите страни на светот, додека за Овче Поле вели дека е откриен некој вид на комуникација во времето на неолитот со вцртан знак.

Според информации кои можевме да ги сретнеме на различни форуми, кои датираат од пред десетина години, се вели дека во селото Градиште, Демир Хисар се крие „пирамида“. Обликот на „Тумба Граишка“ (мало ридче) личел на облик на пирамида како тие во Босна и Херцеговина, иако нема никаква потврда за такво нешто.

Уште една локација која се споменува на форумот е во северниот дел на Овче Поле, а станува збор за Острово (Островица), но подетални информации и фотографии од неа речиси и да нема на интернет. Иако еден член на групата тврди постои пирамидата Островица кај Павлешенци, која била пристапна и имало форми налик на камени тронови на врвот, кои веќе биле искршени, најверојатно од диви копачи.

Се споменуваат и други места низ Македонија, како Дебарца, Прилеп, Кучково, Свети Николе и други на чии подрачја наводно има пирамиди, но такво нешто досега никогаш не е докажано од истражувачи. Сепак, дали станува збор навистина за пирамидални градби или истите се креација на мајката природа најверојатно нема да дознаеме во брзо време од страна на истражувачи.

Tags: Македонија Пирамиди

Continue Reading

Previous: Лековитите во­ди во манастирот „Св. Куз­ман и Дам­јан“ со кои се лекувал Јустинијан Први
Next: Еден од најстарите градови на Балканот се наоѓа во Македонија

Слична содржина

(Видео) „Патот на Илинденците“ помина низ Кочани во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“

(Видео) „Патот на Илинденците“ помина низ Кочани во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“

25/07/2025
Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија

25/07/2025
Трогателна приказна: По 14 неуспешни ин-витро процедури, конечно стана мајка на 47 години

Трогателна приказна: По 14 неуспешни ин-витро процедури, конечно стана мајка на 47 години

25/07/2025

Најново

  • (Видео) „Патот на Илинденците“ помина низ Кочани во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“
  • Масовна тепачка на скопскиот аеродром меѓу Турци
  • Земјотрес ја стресе Македонија
  • (Видео) „Ој ти момче Охриѓанче“: Прекрасна изведба на безвременската македонска песна
  • Трогателна приказна: По 14 неуспешни ин-витро процедури, конечно стана мајка на 47 години

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(Видео) „Патот на Илинденците“ помина низ Кочани во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“

(Видео) „Патот на Илинденците“ помина низ Кочани во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“

25/07/2025
Масовна тепачка на скопскиот аеродром меѓу Турци

Масовна тепачка на скопскиот аеродром меѓу Турци

25/07/2025
Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија

25/07/2025
(Видео) „Ој ти момче Охриѓанче“: Прекрасна изведба на безвременската македонска песна

(Видео) „Ој ти момче Охриѓанче“: Прекрасна изведба на безвременската македонска песна

25/07/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (Видео) „Патот на Илинденците“ помина низ Кочани во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“
  • Масовна тепачка на скопскиот аеродром меѓу Турци
  • Земјотрес ја стресе Македонија
  • (Видео) „Ој ти момче Охриѓанче“: Прекрасна изведба на безвременската македонска песна
  • Трогателна приказна: По 14 неуспешни ин-витро процедури, конечно стана мајка на 47 години

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.