
Фото: Принтскрин
Припадник на скопската криминална група „Беланоца“, кој бил во бегство и под меѓународна потерница за тешки кривични дела – убиство и убиство во обид – е осомничен за вооружен напад во кој животот го загуби припадник на Армијата на Република Македонија, објави „Телма“.
Инцидентот се случил утринава, околу 10 часот, на влезот од селото Батинци, родното место на жртвата.
„А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била констатирана смрт“, соопшти МВР.
Сите детали може да ги прочитате на „Телма“.
Видео: Телма.мк