
Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на тематската дебата под наслов „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, организирана во просториите на Владата.
Во своето излагање, тој потенцираше дека државата е целосно свесна за сериозноста на демографската криза и е подготвена отворено да се соочи со последиците од долгорочниот пад на наталитетот и стареењето на населението.
„Оваа Влада не го премолчува проблемот, го именува, го признава и се бори со него. Но, што значи таа борба? Тоа не е борба со едно министерство, тоа е борба на сите нас. Борба што се води во градинките, училиштата, родилиштата, во домовите, во иселеничките клубови, на граничните премини каде се простуваат мајки и синови“, кажа Мицкоски.