
Фото: Принтскрин
Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, донесе неочекувана одлука – ја замрзнува својата активна улога во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
Веста доаѓа во клучен политички момент, особено со оглед на подготовките за претстојните локални избори и промените во партиската структура, откако не беше кандидиран во трката за градоначалник на Струмица.