
Фото: Принтскрин
„Идентитетот не се сведува само на тавче-гравче,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски, реагирајќи на изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос, која претходно на прес-конференцијата нагласи дека никој не може да им го одземе идентитетот на Македонците и дека традиционалната храна е дел од тој идентитет.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека треба да се биде исклучително внимателен кога се зборува за националниот идентитет, потсетувајќи дека македонскиот народ за три децении преживеал сериозни промени – од промена на државното знаме до промена на името на државата.
„Идентитетот не е само тавче – гравче. За три децении сменивме и знаме и име и јас би бил многу внимателен“, рече премиерот Мицкоски.