
Фото: Принтскрин
Синоќа избувнал пожар на отворен плац на излезот од Кочани, во непосредна близина на бензинската пумпа „Авто Петрол“ кај населбата Оризари, пренесува „Glasno.mk“.
Според „Glasno.mk“, пожарот зафати дел од теренот каде што, наводно, биле складирани отпадни материјали и гуми, што предизвикало густ чад и вознемиреност кај граѓаните.
Интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица, кои успеале да го локализираат огнот пред тој да се прошири кон околните објекти.