
Фото: Принтскрин
Со почетокот на летната сезона во Охрид, повторно се појавија реакции од туристите за високите цени во кафулињата и рестораните покрај езерото.
Во едно од популарните охридски кафулиња, шолја еспресо чини 150 денари, додека Американо достигнува и до 170 денари. Многу ресторани, пак, нудат менија со цени што ги изненадуваат и редовните посетители: порција помфрит 350 денари, мешана салата 600, а рижото со морски плодови – дури 900 денари.
Фотографијата со цените може да ја погледнете ТУКА.