
Фото: hilandar_org
Холивудскиот актер и режисер Мел Гибсон деновиве престојува на Света Гора – духовниот и монашки бастион на православието. Тој ги минува своите денови во светилиштето на манастирот Хиландер, еден од најзначајните духовни центри за српскиот и поширокиот православен свет.
Посетата на Гибсон беше скромна и ненаметлива, без медиумски внимание, но сепак привлече голем интерес и инспирираше бројни верници и љубители на духовната уметност.
Во изјава за грчките медиуми, Гибсон сподели силни емоции:
„Никогаш досега не сум почувствувал таква духовна длабочина и мир. Света Гора не е само земја на монаси – тоа е место каде што небото го допира земното, а човекот го наоѓа Бог“, вели тој.
Фото: hilandar_org