
Фото: Принтскрин
Македонскиот финалист Никола Станишиќ во овогодинешното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ заблеска на големата сцена со моќен и автентичен настап.
Настапувајќи со македонски песни, Никола внесе дел од својата татковина на сцената, а неговиот перформанс беше збогатен со настап на ансамбл и играчи облечени во традиционални македонски носии, што дополнително ја засили емоцијата кај публиката и жирито.
Салата одекнуваше од аплаузи, а Никола доби искрени пофалби за оригиналноста и силната енергија што ја пренесе на сцената. Сепак, веднаш по завршувањето на првиот круг, следеше неочекувана вест од водителите на шоуто.
Поради тековните протести во Белград, финалната емисија не се емитуваше во живо на телевизијата во Србија. За да се овозможат еднакви услови за сите натпреварувачи, особено оние од Србија, продукцијата донесе одлука финалето да биде привремено одложено.