
Фото: Принтскрин
На плоштадот Славија во Белград денес се одржува масовен студентски протест под мотото „Се гледаме на Видовден“.
По завршувањето на собирот, дел од присутните граѓани се упатија кон Булеварот „Краља Александра“, каде што студентите поставија блокада на сообраќајот како дел од протестните активности.
Според извештајот на „Нова.рс“, групата беше пречекана од силно полициско присуство, кое го обезбедуваше просторот околу блокадата.