
Фото: Принтскрин
Во напад на забава во Мексико биле убиени 12 лица, пренесува австрискиот весник Kronen Zeitung.
Гостите танцувале со жива музика кога наоружани напаѓачи отвориле оган. Според локалните медиуми, има повеќе повредени, меѓу кои и едно дете.
Нападот се случил завчеравечер во градот Ирапуато, кој се наоѓа во централниот дел на Мексико, соопшти полицијата. Засега не се познати мотивите за нападот.
„Истрагата е во тек“, изјави претседателката Клаудија Шеинбаум.
Видеото може да се погледне ТУКА.