
Фото: Принтскрин
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го заврши своето учество во ЦЕВ Европската Златна лига 2025 со импресивна победа, совладувајќи ја селекцијата на Црна Гора со убедливи 3:0 (25:20, 25:21, 25:13) во последниот натпревар кој се одигра вечерва во салата „Парк“ во Струмица.
Иако првите два сета беа крајно израмнети, што беше очекувано со оглед на тоа што двете репрезентации добро се познаваат, македонските одбојкари покажаа зрелост, концентрација и одлучност токму во клучните моменти на играта.
Тренерот Јошко Миленкоски може да биде задоволен од прикажаното, бидејќи неговите избраници одиграа можеби најдобар натпревар во целото тековно издание на Златната лига.