
Фото: МВР
Вечерва околу 19:48 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје била пријавена физичка пресметка што се случила на крстосницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, откако претходно настанало недоразбирање меѓу вклучените лица.
Според првичните информации, во инцидентот учествувале малолетно лице на возраст од 14 години и две полнолетни лица, С.Р. (64) и Б.С. (18), сите од Скопје. За време на тепачката биле употребени остри предмети, најверојатно ножеви, при што сите три лица добиле телесни повреди.
Повредените се префрлени на лекарска интервенција – едниот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а другите двајца во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Надлежните служби работат на расветлување на околностите под кои дошло до конфликтот, како и на утврдување на сите факти поврзани со случајот.