Страшна несреќа во Турција, каде детска игра за малку ќе завршела трагично. Осумгодишно девојче, кое имало врзани очи додека си играло со своите другарчиња, изгубило рамнотежа и паднало преку метална ограда од висина од околу осум метри.
Детето се стркалало преку оградата и завршило во лозје кое се наоѓало под ѕидот. И покрај драматичниот пад, девојчето имало неверојатна среќа – се здобило само со полесни повреди.
Вознемирувачкиот момент бил забележан на видео, на кое се гледа како една обична детска игра за миг се претвора во опасна ситуација.
Веста ја пренесува Haberturk TV.
