Фото: Принтскрин
Незадоволството поради сè повисоките трошоци за живот повторно ги обединува граѓаните ширум Европа.
За следниот период се најавени протести во повеќе од 25 европски земји, на кои младите, студентите, синдикатите и активистите ќе побараат подобри услови за живот и поголема социјална сигурност.
Во фокусот на демонстрациите се високите цени на храната, енергијата и домувањето, но и незадоволството од платите, состојбата во образованието и квалитетот на јавните услуги.
