Фото: Принтскрин
Црна Гора доби нов удар на европскиот пат, откако Хрватска не даде согласност за затворање на уште две преговарачки поглавја, со што го забави напредокот на соседната држава кон членство во Европската Унија.
Загреб на состанокот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ (COREPER) го блокираше затворањето на поглавјата 14 – транспортна политика и 15 – енергетика.
Хрватска повторно не даде зелено светло ниту за поглавјето 31, кое се однесува на надворешната, безбедносната и одбранбената политика, а кое е блокирано уште од декември 2024 година.
Причините за блокадата се поврзани со повеќе нерешени билатерални спорови меѓу двете земји. Загреб инсистира на решавање на прашањата за граничната линија, враќањето на школскиот брод „Јадран“, исчезнатите лица од војната, воените злосторства, имотните права и обештетувањето на поранешните затвореници од логорот Морињ.
